Кевин Дурант сака петто олимписко злато

Искусниот кошаркар на Хјустон рокетс изјави дека сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, но нагласува дека мора да заработи место во тимот.

Дурант на настан организиран од USA Basketball нагласи дека конечната одлука нема да биде во негови раце, туку во рацете на директорот на репрезентацијата Грент Хил и стручниот штаб.

– Сè зависи од Грент Хил и од тоа што сака репрезентацијата на САД. Ќе продолжам да работам и да го одржувам моето ниво на игра, па се надевам дека ќе добијам повик. Има многу одлични играчи кои заслужуваат место во тимот – рече Дурант.

Дурант е првиот машки кошаркар кој освоил четири златни медали. Тој ја освои и најпрестижната награда во Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016 и Токио 2021.