Кевин Пантер вторпат е МВП на колото во Евролигата

Кошаркарот на Барселона, Кевин Пантер, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во натпреварите од 24. во Евролигата.
Пантер забележа 31 поени, четири асистенции, два скока, две украдени топки, пет изнудени фаули и индекс на корисност од 34 во победата над Асвел од 98-91, највисок од кој било играч во претходното коло и втор највисок во неговата кариера.
Ова е петто признание МВП во неговата евролигашка кариера, а второ оваа сезона.
Пантер во Барселона дојде од Партизан во 2024 година, а претходно настапуваше за Олимпија Милано, Црвена ѕвезда, Олимпијакос, Виртус Болоња, АЕК, Роса Радом, Антверп и Лаврио.