Кевин Портер Џуниор се повреди, Милвоки без клучниот кошаркар

Кошаркарот на Милвоки, Кевин Портер Џуниор, нема да настапува до крајот на тековната НБА сезона поради повреда на коленото.

Клубот соопшти дека Портер бил подложен на оперативен зафат, по што го очекува подолг период на рехабилитација.

Тој последен пат настапи во март, а повредата го принуди предвреме да ја заврши сезоната.

Во текот на сезоната, Портер настапи на 38 натпревари и имаше солиден учинок, со просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции и 5,2 скока по натпревар, играјќи една од клучните улоги во тимот.