Кевин Принс Боатенг замина во фудбалска пензија

Кевин Принс Боатенг објави дека ја завршува својата богата кариера.
Поранешниот репрезентативец на Гана збогувањето со фудбалот го потврди на неговиот Инстаграм профил.
„Те сакам најмногу на светот, но време е за збогум. Фудбалу, ти благодарам за се“, објави Боатенг.
Последните две сезони од кариерата Боатенг ги помина во редовите на Херта Берлин, клубот и каде што ја започна кариерата. Во минатото Боатенг беше дел од гиганти како Милан и Барселона, а го носеше дресот уште на Портсмунт, Џенова, Шалке 04, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло, Фиорентина, Бешикташ и Монца.