Кеита се враќа во составот на Ливерпул

Ливерпул врза две премиерлигашки победи над Манчестер Сити и Вест Хем, а за викендот тимот предводен од Јирген Клоп ќе му гостува на Нотингем Форест и се очекува продолжување на победничката серија.

Како добра вест за тимот и тренерот Клоп е информацијата дека Наби Кеита наскоро се враќа на теренот и ќе ги запише првите минути во Премиер лигата оваа сезона.

27- годишниот Кеита е веќе четврта сезона во Ливерпул, но големиот број на повреди го спречуваа да ги прикаже своите вистински фудбалски квалитети. Тој во Ливерпул пристигна како големо засилување од Лајпциг во 2018.година за 60 милиони евра.