Келехер најави заминување од „Енфилд роуд“
Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Кевин Калехер, навести дека сака да го напушти клубот бидејќи ја нема посакуваната минутажа, објавија денеска медиумите во Англија.
„Во последниве неколку години јасно кажав дека сакам да заминам во друг состав за да бидам стартер. Гледано од страна, одлуката не зависи од мене“, рече Келехер.
Неговото место дополнително ќе биде загрозено откако „црвените“ најавија дека од наредната сезона ќе го ангажираат Грузиецот, Мамардашвили.