Кепа нов голман на Реал

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага е нов член на Реал Мадрид.
Шпанскиот голман во Реал пристигна на позајмица до јуни 2024.година и ќе биде замена за Тибо Куртоа кој заработи сериозна повреда на коленото, поради која ќе отсуствува подолг период.
28-годишниот Аризабалага после позајмицата и крајот на сезоната ќе мора да се врати во тимот од Лондон, бидејќи неговиот договор не вклучува опција за купување.
Кепа е член на Челзи од 2018 година, а претходно го бранеше голот на Атлетик Билбао.