Кепа се приклучува во Арсенал по евтин трансфер од Челси

Арсенал го комплетираше трансферот на шпанскиот голман Кепа Аризабалага од Челси за сума од 5 милиони фунти, што е нивниот прв потег во летниот преоден рок.
„Топџиите“ ја активираа откупната клаузула во договорот на Кепа, овозможувајќи му на 30-годишниот чувар на мрежата да се пресели во Северен Лондон. Трансферот следи по успешната позајмица во Борнмут, каде што минатата сезона беше прв избор на голот.
Кепа ќе биде замена и конкуренција за Давид Раја, со што Арсенал добива сигурност и искуство на голманската позиција. Сите документи се веќе потпишани, а официјалната потврда од клубот се очекува наскоро.
Поранешниот најскап голман во светот, кој во 2018 година премина во Челзи за 72 милиони фунти, сега доаѓа во Арсенал за значително пониска цена, што се смета за вистински трансфер-удар. Во својата кариера имаше и престој во Реал Мадрид, каде што освои Ла Лига и Лига на Шампионите.