Кеси заминува од Милан, преговорите далечни од договор
Оптимизмот во Милано за обновување на договорот на својот фудбалер Френк Кеси се повеќе се намалува. Според „Газета дело Спорт“, клубот веќе се помирил со фактот дека нема да може да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, кој истекува на крајот од оваа сезона.
Милан му понудил плата од над 6 милиони евра, додека играчот инсистира на повеќе од 8 милиони евра годишно. „Кориере дела Сера“, пишува дека неговиот агент, веќе го понудил ограчот на градскиот ривал Интер, кој во минатото имаше интерес за овој интернационалец од Брегот на Слоновата Коска. Сепак од Интер одбиле да учествуваат во битката за неговиот потпис, бидејќи високите финансиски барања на играчот од средниот ред не влегуваат во новата политика на клубот за поекономично плаќање.
Каталонскиот весник „Мундо Депотртиво“ тврди дека и Барселона е заинтересирана да го привлече 24-годишниот фудбалер како слободен играч. Тој се поврзува со голем број европски клубови како ПСЖ, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.