Кеси и Милан се договорија, Африканецот останува на „Сан Сиро“

Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.
Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан. Минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.
Неговиот договор истекува во 2022 година, па Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и дека Кеси ќе стави потпис до 2026 година, а годишно ќе добива 6 милиони евра со вклучени бонуси.