Кеси ја одби Рома за да остане во Саудиска Арабија

Фудбалерот од средината на теренот, Франк Кеси, ги отфрли последните гласини за трансфер во италијанската екипа Рома.

Репрезентативецот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска изјави дека ќе остане во саудискиот тим Ал-Ахли уште една година.

Деновиве се појави информација дека Рома го планира 28-годишниот Кеси кој има играно во Милан.