Кејлор Навас: Барса ми испрати понуда по повредата на Тер Штеген

Soccer Football – Champions League – Round of 16 – Second Leg – Real Sociedad v Paris St Germain – Reale Arena, San Sebastian, Spain – March 5, 2024 Paris St Germain’s Keylor Navas during the warm up REUTERS/Juan Medina/File Photo

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема.

„Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и продолжува.

„Доколку Флорентино Перез ме повикаше, со пливање ќе дојдев од во Мадрид од Костарика. Реал е посебен за мене, да ме прашаа ќе ја завршев кариерата таму.“

Костариканецот пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година од Леванте и остана пет години, освојувајќи сè што можеше со „кралскиот клуб“.

Сепак, кога ја изгуби позицијата прв голман во летото 2019 година, тој се пресели во ПСЖ. Тој бранеше и за Нотингем Форест, а во првиот дел од сезоната беше без клуб откако истече договорот со клубот од Париз.

Сепак, 38-годишниот голман се врати на сцената претходно оваа година кога потпиша за аргентинскиот Њуелс Олд Бојс.