Кејлор Навас неизвесен за реваншот против Баерн
Првиот голман на ПСЖ, Кејлор Навас, одигра само едно полувреме на мечот против Стразбур по што беше заменет со Серхио Рико. Тренерот на „светците“, Маурицио Почетино, се надева дека повредата на интернационалецот од Костарика не е серизона. „Беше повлече од теренот поради претпазливост. Не сакавме ништо да ризикуваме и така се договоривме со нашиот медицински тим. Се надевам дека не е ништо сериозно и дека брзо ќе се врати во игра“ – вели тренерот на францускиот состав. Доколку ситуацијата со Навас се искомпликува, тогаш Почетинот ќе се соочи со одредени кадровски проблеми за реваншот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Тој ќе ги нема на списокот и Курзава, Верати и Маркињос.