Кејлор Навас пред промоција во Монца

Италијанскиот калчолигаш Монца ќе го ангажира ветеранот Кејлор Навас како слободен играч, објавуваат италијанските медиуми.
Костариканецот е трикратен победник во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, трипати го освои и Светското клупско првенство со „кралскиот клуб“. Има и титула во Ла Лига во сезоната 2016/17 година, како и два трофеи од Суперкупот на Европа.
Со досегашниот клуб Пари Сен Жермен голманот стана шампион трипати, а исто толку пати триумфира и во Купот на Франција.