Кејлор Навас се сели во Премиер лигата

Англиските фудбалски состави: Вест Хем, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, покажуваат дека се заинтересирани за голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас.

Тој го загуби стартното место по доаѓањето на Италијанецот, Џанлуиџи Донарума од екипата на  Милан. Костариканецот во изминатата сезона одигра само 25 натпревари за францускиот тим и прими 24 голови.

Навас има договор до 2024 година. Засега не се потенцира сумата што ќе ја понудат англиските екипи.