Кејн: Ова е најсилната Англија во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е еден од најдобрите во историјата на „Гордиот Албион“ и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година.
„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот тренер (Томас Тухел), а сега се радуваме на она ѓто не чека во 2026 година. Мислам дека ова е најдобриот тим што некогаш сме го имале. Кога ќе го погледнете почетниот состав и клупата, мислам дека ќе бидеме еден од фаворитите на Светското првенство. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири и е составен дел од играта“, рече Кејн по натпреварот со Албанија за британскиот ИТВ.
Фудбалерите на Англија ја победија селекцијата на Албанија со 2:0 во Тирана, во последниот натпревар од осмото коло од квалификациите за Групата К за Светското првенство.
Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи, со максимални 24 бода, со гол-разлика од 22:0.
Двата гола во победата над Албанија ги постигна 32-годишниот Кејн, кој сега има учинок од 78 гола за репрезентацијата на 112 одиграни натпревари.