Кејн остана во Тотенхем, но сака поголема плата

Првиот голгетер на Тотенхем, Хари Кејн, побарал од претседателот, Даниел Леви, поголема плата откако „спарси“ не му дозволија да замине во редовите на Манчестер Сити.

Англиската фудбалска ѕвезда со 15 милиони фунти по сезона е третиот најплатен играч на Островот заедно со Рахим Стерлинг од Сити и Пол Погба од Јунајтед.

Како што објави весникот – „Тајмс“, Леви наводно е подготвен да му ја исполни желбата, но, тоа да биде во форма на различни бонуси.