Кејн останува незаменлив
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејлт изјави дека капитенот Хари Кејн ќе го задржи местото во тимот против Чешка, во последното коло од групата „Д“ на Европското првенство.
„Кејн не е само од суштинска важност поради головите кои ги постигнува, туку и за играта и се друго што донесува.“ – наведе Саутгејт.
Тој за Кејн вели дека е „најважниот играч на неговата екипа“.
„Само треба да се погледне колку погодоци постигна до сега и да се сфати колку е важен за екипата.“ – додава селекторот.
Англија утревечер игра против Чешка на Вембли, а во исто време во Глазгов играат Хрватска и Шкотска.
На табелата во оваа група Чешка и Англија се водечки со по четири бода, а Хрватска и Шкотска имаат по бод.