Кејн постави нов рекорд во Премиер лигата
Напаѓачот на Тотенхем и Англија, Хари Кејн се запиша во историјата на Премиер лигата со рекорд на постигнати голови. Кејн ги постигна двата гола за Тотенхем на нивното гостување кај Њукасл во натпреварот од 30. коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши без победник – 2:2, а Кејн веќе има 84 голови за Тотенхем на гостински терен во Премиер лигата. Ова е рекорд за играч во дресот на тим во Премиер лигата, а мора да се потенцира дека на Кејн му беа потребни само 120 натпревари за да ја достигне оваа импресивна бројка. Тимот предводен од Жозе Мурињо е петти на табелата, со ист број на бодови како Ливерпул и Вест Хем, а „чеканите“ имаат помалку средби.