Кејн ќе го продолжи договорот со Тотенхем Хотспур?
Хари Кејн може да го продолжи договорот со Тотенхем, пренесува весникот „Гардијан“ на денешните страници, но капитенот на Англија постави посебен услов за тоа да се случи.
28-годишниот играч ќе потпише нов договор со Тотенхем доколку раководството на тимот се согласи да има клаузула за откуп во него. Во Англија, не постои практика да се вклучат такви клаузули во договорите на играчите, за разлика од Шпанија, каде што тоа е практика, но може да се направи исклучок за Кејн. Доколку двете страните се договорат за нов договор, тогаш платата на Хари Кејн значително ќе се зголеми и тој ќе стане еден од најплатените играчи во Премиер лигата.
Во последните недели беше објавено дека Тотенхем е подготвен да му понуди договор со неделна плата од 400 илјади фунти. Актуелниот договор на напаѓачот на Тотенхем истекува летото 2024 година.