Киеза на трансфер листа, во јуни го напушта Јуве
Јувентус е спремен на лето да се раздели со Федерико Киеза, пренесува „Газета дело Спорт“.
Договорот на Киеза е до летото 2025 година, а преговорите за негово продолжување се во мирување. Доколку не се постигне договор меѓу двете страни, Јувентус може да се согласи да го продаде за околу 40 милиони евра.
Јувентус исто така се надева дека Киеза со своите настапи може да ја подигне цената на Европското првентсво.