Киеза пак се повреди, мора на дополнителни прегледи
Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза заработи повреда на
последниот тренинг на тимот. Тој го напуштил тренингот порано по
судирот кој го имал со Алекс Сандро. Играчот се пожалил на болки во
десната нога.
Состојбата на Киеза денеска ќе ја проверува медицинскиот персонал
на Јувентус. Засега клубот не е особено загрижен и смета дека
повредата не е сериозна и нема да го спречи Киеза да учествува на
дербито со Наполи викендов.
Киеза стартуваше во мечот со Фросиноне во последното коло, но не
импресионираше и беше заменет во 60. минута.