Кикбоксерите на “Самурај“ со освоени 8 медали на “Белград трофеј“
Изминатиов викенд на 12 и 13 октомври, Кик Бокс Клубот “Самурај“ од Битола со 9 натпреварувачи учествуваше на Меѓународниот Кик Бокс турнир “БЕЛГРАД ТРОФЕЈ“ од каде се вратија со осум освоени медали.
Најпрво Ива Цветаноска во категоријата помлади кадети -37 кг. го освои сребрениот медал, веднаш потоа во истата категорија -47кг. Дарија Петкоска го освои го освои бронзениот медал, Сара Стојановска со убедлива победа од 3:0 најпрво ја победи српската натпреварувачка Николина Ристиќ и потоа во финалната борба со остварена голема разлика во поени и прекин ја победи Антонија Тасева и со тоа го освои златниот медал во категоријата постари кадети -55кг.
Димо Гоноски во категоријата сениори – 94кг. освои сребрен медал, Леа Бошевска исто во категоријата сениори -50кг. освои златен медал, а Тамара Божиновска постари кадети -46кг.
Сиваков Давид јуниори -74кг. и Дамјана Пеовска јуниори -70кг. се закитија со бронзени медаљи. Баталоски Енес во категоријата јуниори -74кг. за жал беше видно оштетен од страна на судиите каде што во текот на целата борба водеше со разлика од над 10 поени и при крајот на борбата беше неправедно дисквалификуван.
На Трофејот учествуваа 198 кикбоксери, 41 клуб од 5 држави – Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.