Кике Сетиен седнува на клупата на Виљареал
Поранешниот тренер на Барселона, Енрике Кике Сетиен би можел да го замени Унаи Емери во Виљареал. Астон Вила денеска објави дека Емери ќе стане тренер на тимот.
Сетиен, кој не е менаџер откако ја напушти Барселона во 2020 година, веќе е во Валенсија, каде што ќе преговара за потпис со Виљареал, објави „Марка“.
Првично, раководството на „жолтата подморница“ размислуваше за кандидатурата на Марселино Торал, но поранешниот тренер на Атлетик Билбао ја чека одлуката на селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике за неговата иднина во националниот тим по претстојното Светското првенство во Катар.