Кик-бокс клубот “Самурај“ продолжува да нижи успеси
На ден 11.02.2024 година во Спортската сала Јане Сандански во Скопје, се одржа Државно Првенство во Кик бокс, на кое учествуваа 417 натпреварувачи од 27 клубови од Македонија.
На ова натпреварување Кикбоксерите од битолскиот Кик-бокс Клуб “Самурај“ освоија 10 медали од кои 5 златни и 5 сребрени:
Леа Бошевска – златен медал ( кик лајт -50 кг. сениор)
Сара Стојаноска – златен медал (кик лајт -55 кг. постар кадет)
Дарија Петкоска -златен медал (кик лајт -47 кг. помлад кадет)
Артан Диша – златен медал (кик лајт +94 кг. јуниор)
Божица Тодоровска – златен медал (кик лајт +65 кг. постар кадет)
Давид Сиваков -сребрен медал (кик лајт -79 кг. јуниор)
Марио Темелковски – сребрен медал (кик лајт -84 кг. јуниор)
Дамјана Пеовска – сребрен медал (кик лајт -70 кг. јуниор)
Ива Цветаноска – сребрен медал (кик лајт -28 кг. помлад кадет)
Тамара Божиновска – сребрен медал (кик лајт -50 кг. постар кадет)
На ова натпреварување од Самурај исто така настапија Филип Стојковски и Енес Баталоски, кои имаа одлични настапи, па во следни натпревари очекуваме и од нив да освојат медали.
Тренерите на Самурај Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска се презадоволни од своите натпреварувачи, и ни изјавија дека продолжуваат со тренинзи уште посилно, бидејќи за брзо следат и повеќе меѓународни натпреварувања.