Килијан Мбапе: Зидан е Франција
Еден од најдобрите светски фудбалери, Французинот Килијан Мбапе, излезе со своја реакција на скандалозната изјава на претседателот на Француската фудбалска федерација, кој рече дека нема ниту да му одговори на телефон на Зинедин Зидан доколку тој се јави за да се понуди за работа како селектор.
Оваа изјава на челникот на Федерацијата воопшто не му се допадна на Мбапе. Познатиот фудбалер кој е член на ПСЖ преку социјалните мрежи испрати порака со поддршка за Зидан и постира дека Зидан е Франција, и недопустлив е таков однос кон една легенда.
Зидан во минатиот период одбил неколку понуди, чекајќи да ја преземе функцијата селектор на Франција. Сепак, на крајот францускиот фудбалска федерација се одлучи да му го продолжи договорот на актуелниот селектор Дидие Дешам.