Кил пресилен за Вецлар на Кузмановски и Миркуловски

Вецлар на Филип Кузмановски има тежок распоред на стартот на новата сезона во Бундеслигата, па воопшто не е изненадување тоа што по поразот од Магдебург  беше остварен негативен резултат и со соочувањето со Кил.

„Зебрите“ беа доминатни и во својот дом славеа со 33-22. Пресудно беше првото полувреме во кое Кил одигра неверојатна одбрана и му дозволи само четири гола на противникот (15-4).

Во вториот дел Филип и компанија по поправија впечатокот, ама беа далеку од било какво чудо, изненадување против великанот на германскиот ракомет.

Екберг со 7 гола беше најефикасен кај победникот, македонскиот репрезентативец Кузмановски не се запиша во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди.