Кимих ги одбива понудите, на крајот сепак ќе остане во Баерн
Њукасл нема да успее во намерата да го обезбеди играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих иако Англичаните испратиле понуда до Баварците, тврди „Билд“.
Кимих сака да продолжи да се бори за трофеи, а Њукасл не е меѓу неговите желби. 28-годишниот фудбалер има договор со Баерн до 2025 година.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед, исто така ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го ангажираат.