Кимих одлучил да го напушти Баерн ова лето
Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди денеска германски „Билд“.
Германскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во клубот, самиот најави дека сака да го напушти Минхен. Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, и на ум има пет клубови во кои би можел да ја продолжи кариерата.
Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои го привлекуваат Џошуа Кимих.
Баерн нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него на лето