Кимих ќе ги скокне следните два натпревари на Баерн
Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ќе мора да паузира два натпревари откако доби црвен картон на последниот првенствен меч со Дармштад.
Искусниот фудбалер минатиот викенд заработи исклучување и затоа е под суспензија. Интересно е што тој заработи црвен картон по само четири минути игра, додека гостите од Дармштад го завршија мечот со двајца играчи помалку.
Баерн по ремито 0-0 во првиот дел, во вториот му даде дури 8 гола на Дармштад на споменатиот меч .
Кимих поради овој црвен картон ќе ги пропушти натпреварите со Борусија Дортмунд и Хајденхајм.