Кими Антонели најбрз на спринтот во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути.

Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка.

Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100).

Спринтот до Норис, од вториот ред ќе го започне актуелниот светски првак Макс Ферстапен (+0.255).

Петтото место во квалификациите му припадна на колегата на Антонели, Џорџ Расел. Зад него се возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Во Топ 10 се пласираа Алекс Албон (Вилијамс), Иска Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Спринт трката во Мајами се вози во сабота со почеток во 18 часот, а квалификациите за главната трка се закажани за 22:00 часот.