Кими Раиконен ја вози својата последна трка во Ф1

Финскиот возач, Кими Раиконен, ќе ја заврши својата кариера во Формула 1 со трката која се вози во Абу Даби.

Раиконен беше дел од Ф1 „циркусот“ точно 20 години. Во 2007 година ја освојува шампионската титула како возач на Ферари. Во својата досегашна кариера има остварено вкупно 21 победа, 103 пати се искачил на победничкиот подиум а 18 трки ги започна од пол позицијата.

42-годишниот Раиконен последната трка ќе ја вози во болидот на Алфа Ромео истакнува дека нема планови за иднината.

„Во моментот не размислувам за  ништо, ќе видам дали ќе се појават некои интересни понуди, но во моментот немам никакви идни планови. Радосен сум што ќе имам многу слободно време“, изјави популарниот „Ајсмен“.