Кимпембе бира меѓу Интер и Милан

Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе ова лето ќе го напушти клубот, бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
26-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.
Најсилен интерес за него покажуваат Интер и Милан, кои сакаат да ја засили дефанзивната линија во летниот преоден рок.
Миланските гиганти стапиле во контакт со менаџерот на Французинот, кој е отворен за преселба во Серија А, но проблем може да биде неговата висока плата.