Ким Клајстерс ја заврши својата тениска кариера
Некогашната прва тенисерка на светот, Ким Клајстерс, ја заврши својата играчка кариера на 38.годишна возраст.
Тенисерката од Белгија, се врати на терените пред 20 месеци, но тој период се поклопи со ковид пандемијата, па таа практично никогаш не стигна да се врати во посакуваната форма.
Како причина за ставање крај на кариерата е нејзиното семејство. Клајстерс, заедно со сопругот и децата неодамна се пресели во Њу Џерси, но и самата истакнува дека и е многу тешко да ги усогласи приватните обврски и професионалната кариера.
За време на својата кариера, Клајстерс освои четири Грен слем титули, а во четири наврати беше прогласувана за најдобра тенисерка во светот.