Ким Мин Јае се договори за премин во Баерн

Баерн Минхен постигнал договор со стоперот на Наполи, Ким Мин Јае, тврди познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.

Според информациите на италијанскиот новинар, дефанзивецот ги договорил личните услови и прифатил да потпише петгодишен договор со баварците. Сега на Баерн му останува уште да го почека 1-ви јули кога ќе може да се активира клазулата на Ким за износ од 50 милиони евра.

Зад себе 26-годишниот дефанзивец има фантастична сезона во Серија А и беше еден од најважните фудбалери на Наполи кој го освои Скудетото по пауза од 33 години.

Во редовите на Наполи, Ким пристигна минатата сезона од Фенербахче за сума од 18 милиони евра и воодушеви со своите настапи. Покрај Баерн, сериозен интерес за Ким покажуваше и Манчестер Јунајтед, но очигледно Германците беа побрзи.

Со доаѓањето на Ким во Баерн се отвара можност за заминување на Лукас Ернандез, според најавите Пари Сен Жермен за неговите услуги е спремен да плати 40 милиони евра.