Кина е следната дестинација на Бобан Марјановиќ

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ ќе се пресели во Кина. Според информациите, Марјановиќ кој се врати во Евролигата по речиси девет години минати во НБА, каде играше за Сан Антонио, Детроит, Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон, но не успеа да остане во редовите на Фенербахче, па сега е во преговори со неколку кинески тимови.

Во средината на септември, Марјановиќ му се приклучи на Фенербахче, потпишувајќи едногодишен договор со опција за предвремен раскин до јануари.

Турскиот Фенербахче пред некој ден и официјално објави раскинување на соработката со српскиот центар (36 години, 224 см).