Кин Мин од Наполи интересен за одбраната на Тен Хаг во Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер на италијанскиот клуб. Наполи за неговиот потпис му плати на Фенербахче 18 милиони, а Ким Мин одлично го замени Кулибали и се покажа во одлично светло.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето. „Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра.

Наполи не сака да се раздели со дефанзивецот и веќе му понуди нов договор со повисока плата и повисока откупна клаузула.