Кин се враќа во Јуве, по кратките авантури во Евертон и ПСЖ
Напаѓачот Моис Кин е блиску до враќање во Јувентус. Торинскиот клуб се договори за закуп на фудбалерот со обврска да го откупи под одредени услови. Утре, 21-годишниот фудбалер ќе помине лекарски преглед за да го комплетира трансферот. Вкупниот износ на зделката ќе биде околу 20 милиони евра.
Кин се пресели од Јуве во Евертон пред две години за 25 милиони фунти. Неговиот актуелен договор со англискиот клуб истекува во 2024 година.
Италијанецот дебитираше за Јувентус во 2016 година, кога тимот го предводеше Масимилијано Алегри кој се врати во Торино ова лето. Минатата сезона, Кин играше за ПСЖ на позајмица.