Кин: Управата на Манчестер Јунајтед не ги почитува фановите

Англиското мега дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, во рамките од 34-та рунда во англиската Премиер лига не се одигра, откако, навивачите на домашниот состав се пробија на „Олд Трафорд“ и ја загрозија безбедноста на фудбалерите, стручниот штаб и логистиката. Навивачите на „црвените ѓаволи“ на тој начин го искажаа незадоволството од работењето на семејството Глејзер, кое е доминантен сопственик на клубот.
„Сите сме разочарани што не се одигра дерби натпреварот. На навивачите од Манчестер Јунајтед му е преку глава и јас целосно ги разбирам и поддржувам. Поддржувачите ова го прават бидејќи го сакаат овој клуб. Тие не го прават ова како последица од формирањето на Супер лигата, туку незадоволство се таложело години наназад, а деновиве ескалира ситуацијата. На раководството од клубот не им беше важен гласот на навивачите, туку клупската сметка која се полни без проблем“, изјави Рој Кин, кој голем дел од кариерата помина во дресот на Манчестер Јунајтед.