Кипчоге победи со светски рекорди на маратонот во Берлин
Двократниот олимписки шампион, Елид Кипчоге, постави нов светски рекорд на маратонската трка во Берлин.
Триесет и седумгодишниот Кениец оствари време од два часа, една минута и девет секунди и за 30 секунди го подобри неговиот рекорд поставен на истата патека пред две години. Кипчоге на седумнаесет маратони има 15 победи од кои четири во Германија.
Тигист Асефа од Етиопија беше најбрза кај атлетичарките. Таа оствари време од 2 часа 15 минути и 37 секунди. Тоа е третиот најдобар резултат во историјата на трката.