Кире Ристевски потпиша за кипарски АЕЛ Лимасол

Кире Ристевски, кој ќе биде дел од нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство во текот на летото, од денеска е нов член на АЕЛ Лимасол.
Тој по три години го напушти Ујпеш од Унгарија и се обврза на двегодишна верност кон кипарскиот состав. Ристевски досега ги бранеше боите на: Пелистер, Елбасани, Билиш Славија Софија, Тирана, Работнички и Вашаш.
Ќе потсетиме дека во шампионатот на Кипар настапуваат повеќе наши интернационалци: Дамјан Шишковски, Душко Трајчевски, Дарко Глишиќ, Стефан Спировски, Иван Тричковски и Мартин Богатинов.