Кирјиос се повлече од турнирот во Атланта

Австралиецот, Ник Кирјиос, изненадувачки  се повлече од тенискиот турнир во Атланта поради болки во коленото на левата нога.

27-годишниот финалист на годинешново издание на терените на Вимблдон требаше да игра против Германецот, Петер Гојовчик.

„Лошо ми е бидејќи нема да можам да играм на турнирот што го има освоено и тоа кога сум во најдобра форма во мојата кариера. Само сакав да ви приредам шоу, но,  едноставно не можам да го сторам тоа“, рече Кирјиос.