Кирјос го откажа настапот на Австралија опен заради повреда

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшто дека се
повлекува од настапите на Австралија опен поради повреда на
коленото.
„Ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто
не беше лесно да се донесам одлука за повлекување“, изјави 27-
годишниот Кирјос на прес-конференцијата.
„Целосно сум уништен. Лош тајминг, но тоа е животот. Повредите
се дел од спортот. Не се сомневам дека ќе се вратам уште
посилен“, додаде тој.
Кирјос во првото коло требаше да игра против Русинот Роман
Сафиулин, а во ждрепката ќе биде заменет со Американецот
Денис Кудла.