Кирјос жестоко ги нападна тенисерите инволвирани во допинг скандали

Ник Кирјос се враќа на теренот со меч против француската тениска ѕвезда во подем, Џовани Мпетши Перикар.

Италијанецот Синер, светскиот број 1, двапати беше позитивен на забранетиот стероид клостебол во март. Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го прифати аргументот дека супстанцијата ненамерно влегла во телото на Синер – откако ја испрскал со спреј од неговиот сега веќе поранешен физиотерапевт за лекување на рана на раката – и не беше казнет. Последователно, Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража (КАС), барајќи забрана „помеѓу една и две години“, а се уште се очекува пресудата од КАС.

Кирјос претходно си зеде слобода да ја критикува ИТИА за одлуката и го стори тоа повторно за време на неговата прес-конференција пред неговото враќање на теренот во Бризбејн. Тој нема играно 18 месеци.

-Интегритетот на тенисот во моментов, сите го знаат тоа, но никој не сака да зборува за тоа, е во ужасна состојба. Навистина е, и тоа не е во ред. Знам дека на луѓето не им се допаѓа кога само го кажувам своето мислење и сум отворен. Како дете кое пораснало со тенис, со конкуренција, можам да бидам емотивен на теренот и да фрлам рекет, но тоа не е ништо во споредба со лажењето и земање на забранети средства за подобрување на перформансите“, рече Кирјос.

Тенисерот од Австралија се враќа на теренот со меч против француската тениска ѕвезда во подем, Џовани Мпетши Перикар.