Кијеза започна да тренира, но не е познато кога точно ќе се врати на теренот
Фудбалерот на Јувентус Федерико Кијеза повторно започна со тренинзи, соопштуваат од торинскиот клуб.
Кијеза се повреди на почетокот од јануари на средбата со Рома. Тогаш тој ги скина лигаментите на левото колено поради што мораше да биде опериран. Фудбалерот на бјанконерите го пропушти вториот дел од сезоната во Серија А, а италијанските медиуми наведуваат дека Кијеза се опорави од тешката повреда и дека започна со лесни тренинзи.
Медиумите пренесуваат дека датумот на негово враќање на теренот уште не е познат, но тренерот Алегри го радува фактот дека наскоро ќе го има на располагање 24-годишниот фудбалер.