Кланот Јужноамериканци не го сака Вајналдум во ПСЖ
Јужноамериканските фудбалери во ПСЖ не го поддржуваат Жоржињо Вајналдум и тоа се покажува со неговата тешка адаптација во клубот. Јужноамериканците во Вајналдум гледаат како конкуренција за Леандро Паредес и поради тоа не сакаат да ја олеснат интеграцијата на Холанѓанецот, кој ова лето пристигна во ПСЖ.
Во ПСЖ има многу јужноамериканци, Аргентинци и Бразилци, кои силно се држат меѓу себе во соблекувалната, а наводно и тоа е причината зошто Вајналдум добива мала минутажа во последно време.
Станува збор за влијателна група на фудбалери кои исто така го преферираат Кејлор Навас на голот наместо Донарума.