Кларк доби нов договор со Макаби Тел Авив

Jimmy Clark Iii EA7 Emporio Armani Olimpia Milano – Maccabi Rapyd Tel Aviv Elenco Euroleague 2025-26 Milano, 13/03/2026 Foto BiagioLadaga // Ciamillo-Castoria

Кошаркарот, Џими Кларк, се согласи да остане во екипата на Макаби Тел Авив до 2028 година, објавија медиумите во Европа.

Плејмејкерот сега ќе заработува приближно 2 милиони долари во наредните две сезони. Тоа претставува значително зголемување на платата во однос на неговиот досегашен договор.

Кларк во регуларната сезона на Евролигата, имаше просек од 9,5 поени, 4,3 асистенции и 1,3 украдени топки.