Клеј Томпсон официјално претставен во Мајами Хит

Клеј Томпсон официјално потпиша двегодишен договор со Мајами Хит вреден околу 11,5 милиони долари.

„Знам дека овде има високи барања и токму тоа ме привлече. Веќе сум почувствувал како изгледа да се победува и нема ништо слично на тоа. Можноста повторно да се борам за највисоки цели беше многу важна за мене“, изјави Томпсон.

Тој претходните две сезони ги мина во Далас Маверикс додека пред тоа цели 13 години беше дел од Голден Стејт со кои освои дури четири шампионски титули.

Томпсон прифатил помалку пари за да пристигне во Мајами и да биде дел од тимот во кој се Јанис Адетокумбо, Бем Адебајо и Ендру Вигинс.