Клиперси договорија две засилувања за новата сезона

Кошаркарот Николас Батум се врати во Лос Анџелес Клиперс, а тој НБА клуб потпиша договор и со Кевин Портер.
Батум минатата сезона одигра 60 натпревари за Клиперс и Филаделфија и имаше просек од 5,3 поени, 4,1 скока и 2,1 асистенции по натпревар. Тој беше дел од трејдот што го донесе Џејмс Харден во Клиперс.
Портер минатата сезона играше за ПАОК во Грција и имаше просек од 22 поени, 9,3 скока, 6,8 асистенции и 2,8 украдени топки по натпревар.