Клиперси и Филаделфија се договорија за размена на Харден
Раководствата на Лос Анџелес Клиперс и на Филаделфија се договорија за трејд во кој ќе биде вклучен и Џејмс Харден, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски. Заедно со 34-годишниот Харден, на Клиперс ќе им се приклучи Пи Џеј Такер.
Во Филаделфија одат Роберт Ковингтон, Николас Батум, Маркус Морис и Кенион Мартин Јуниор, како и пик од драфтот.
Харден побара трејд од Сиксерс во јуни. Во август, за време на посетата на Кина, кошаркарот неколку пати го нарече претседателот на Филаделфија Дерил Мори „лажго“, истакнувајќи дека односите со клубот не можат да се обноват.
Подоцна Харден се пријавил доцна во тренинг-кампот на 76-те и го поминал поголемиот дел од тренингот надвор од тимот. Џејмс нема играно ниту еден натпревар од почетокот на новата сезона во НБА.